Денеска во Кинотеката на Македонија во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата посветена на „Фотографијата и филмот на почвата на Македонија“. Станува збор за издание на Македонската академија на науките и уметностите, кое е дел од макропроектот „Историјата на културата на Македонија“.

Промотивна реч ќе одржи академик Георги Старделов, претседател на МАНУ и раководител на макропроектот, како и директорката на Кинотеката на Македонија, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска. Промоцијата ќе се одржи во киносалата на Кинотеката на Македонија, а во рамките на годинешниот Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. (С.У.) Утрински весник