Претставата „Господин Кармен“ од Русија, работена според новелата на П. Мериме, а во режија на Јана Марковна Тумина, ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Младинскиот културен центар, во рамките на МОТ.
 
Во претставата играат Максим Исаев и Павел Семшенко, кои се и автори на сценскиот дизајн. Музиката е на Вјачеслав Гајворонскиј и на Андреј Сизинчев.
 
„Ова е перформанс изведен како дуел. Театарската реалност се судира со домаќинската воздржаност, а пишаниот текст е спротивен со читаниот текст и личноста се сретнува со неговото алтер его. Ова е дејство, кое во мал простор е затворено однатре. Оваа празнина е заградена со тенко јаже и чекор надвор од неа претставува закана за самиот лик со смрт. Тоа е смрт што тежнее личностите да го докажуваат нивното право на сопствен живот“, пишува во каталогот на МОТ.
 
Премиерно претставата е прикажана во Швајцарија во 2003 година. Има освоено гранпри на фестивалот „Мимос“ во Франција и номинација за најдобра претстава на фестивалот „Златна маска“ во Москва во 2005 година.

Извор: Нова Македонија