Дваесетина автори од пет балкански земји учествуваат на четвртата сликарско-копаничарскаколонија„Папрадишкимајстори“. Уметниците се инспирираат од мијачкото село Папрадиште, а ќе ја одбележат и 100-годишнината од раѓањето на поетот Кочо Рацин. Меѓу учесниците е српскиот склулптор и копаничар Милан Бекоња од Крагуевац. Своето дело „Мајка и син“ му го посвети на Рацин.

- При посетата на спомен-куќата на познатиот балкански поет Кочо Рацин, ја видов и почувствував љубовта која била негова инспирација. Затоа, инспириран од неговото дело се решив да изработам скулптура на тема љубов, овој пат меѓу мајка и син - изјави Бекоња, чии дела се наоѓаат во САД, Англија, Германија. Тој е автор на иконостаси што ги красат црквите во Торонто, Лондон, Бирмингем, Минхен. Раководителот на копаничарскиот дел, Љубомир Бисин, очекува успешна колонија зашто годинава има најмногу гости - копаничари во однос на претходни три изданија. Единаесетте сликари работат во техниката масло на платно и кај нив преовладува мотивот на селото Папрадиште од каде што се родум познатите македонски сликари Ѓорѓи Зографски и Димитрија Андонов - Папрадишки. Тоа, велат, е дополнителен инспиративен момент за творење. Меѓу дваесетте учесници, има и двајца скулптори, а сите дела на авторите од Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и од Македонија со изложба ќе бидат претставени на денот на општина Велес, на 9 ноември.

(П.П.)