Изложбата под наслов „15 години мозаик во Меѓународната струмичка ликовна колонија“, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена во Изложбениот салон на Центарот за култура во Куманово. Ќе бидат претставени 25 дела во повеќе формати од домашни и од странски автори, кои на Колонијата создавале мозаици.Покрај одбележувањето 45 години од формирањето на Меѓународната струмичка ликовна колонија, со изложбата ќе бидат одбележани и 15 години континуирано присуство на уметници што изработуваат мозаици.Ментор на ателјето за мозаик при колонијата е Газанфер Бајрам, кој во изложбата партиципира со повеќе мозаици. Ќе бидат изложени и дела од Паоло Ракањи, Ѓорѓи Томовски, Ана Рита Петрињи, Моника Џованоти, Александар Филев и од Наташа Дејановиќ-Димитриевиќ. Изложбата ја организираат центрите за култура „Антон Панов“ од Струмица и „Трајко Прокопиев“ од Куманово. Изложбата ќе биде отворена до 3 јуни.