Филмови од Астерфест


Кратки, играни и документарни филмови од неодамна завршениот фестивал "Астерфест" ќе видиме вечерва во Мала станица.
Ќе бидат прикажани американскиот филм "Хотел Затворени очи" на Бил Плимптон - две номинации за Оскар, иранскиот "Баладите на мостот" на Мехди Рахмани, романскиот "Добар ден за пливање" на Богдан Мустата награден со "Златна мечка", американската анимација "Нивните околности" на Јихун Ан, германскиот "Замолчи пеперутко" на Ерек Кун...

Со репризното прикажување почнува летниот циклус филмови од четвртиот "Астерфест" низ повеќе градови во Македонија, како и на претстојното "Скопско лето".