Во културниот центар „Точка“од утре до 29 мај ќе се одржи проекција на шест германски и австриски филмови на тема: „Помеѓу метрополата и провинцијата“, синаестичко патување од Берлин до Црно Море. Ќе бидат прикажани „Лето во Берлин“ од Андреас Дресен, „Ослободена зона“ од Норберт Баумгартен, „Кебапчиска врска“ од Ана Саул, „Батка, од каде си, каде одиш“ од Томас Адебар и Андреас Цимерман, „Северни робови“ од Барбара Алберт и „Донау, Дунај, Дуна, Дунав, Дунареа“ од Горан Ребиќ. Филмовите ќе бидат со англиски превод.