Изложба на дела од младиот ликовен уметник Стефан Плескоњиќ, кого критичарите кај нас и во светот го нарекоа Млад Моцарт во ликовната уметност, ќе се отвори вечерва во 19 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Ќе бидат изложени повеќе дела што Плескоњиќ ги работел со еколошки акрилни бои на картон.Плескоњиќ има 13 години, а своите први слики ги направил кога имал 2 години. Прва изложба имал на тригодишна возраст во манастирот во село Теово, а истата година имал самостојна изложба во уметничката галерија „Стоби“. Неговите први слики домашната ликовна критика ги споредува со делото „Планетариум“ на Киро Урдин. Во 2004 година негови дела беа поставени и во седиштето на НАТО во Брисел. Дела на Плескоњиќ неодамна беа изложени и пред многубројна странска публика во Македонскиот центар во Њујорк. Тој досега одржал самостојни изложби во повеќе наши градови како и во Варшава, Париз, Белград

 ===

Тринаесетгодишниот Стефан Плескоњиќ на 5 мај ќе има свое самостојно претставување во Мултимедијалниот центар "Мала станица". На отворањето, како што е најавено, ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.

Стефан е роден на 1 април 1995 година во Скопје. Своите први уметнички чекори ги направи на тригодишна возраст, а досега има реализирано 13 самостојни изложби. Креативниот опус на Плескоњиќ се состои од околу 300 слики изработени во техниката: еколошки акрилни бои на картон.

Пред извесен период Стефан се врати од Њујорк, каде имаше изложба во тамошниот Македонски центар, каде малиот но голем уметник беше гостин и на Срѓан Керим, претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации. Стефан досега изложувал во Брисел, Варшава, Париз, Софија, Белград.


 

 

 



Месец на македонски филмови во Кинотека

Со проекција на „Сенки“ од Милчо Манчевски и на документарецот „Низ Пиринска Македонија“ од Трајче Попов вечерва во 20 часот, во Кинотеката на Македонија ќе почне целомесечно презентирање на македонското филмско творештво. До крајот на мај гледачите ќе може да ги видат и „Боли ли“ од Анета Лешниковска, „Јас сум од Титов Велес“ од Теона Митевска, како и многу документарни, играни анимирани и кратки филмови, кои во минатите шест децении ги создавале наши режисери и сценаристи. Анимираните, документарните и кратките филмови ќе се прикажуваат пред почетокот на трите играни филма. Секој ден ќе има различен филм. До крајот на месецот ќе следат и анимирани и филмски дела од македонски автори. За повеќето од филмовите влезницата ќе биде бесплатна, а за некои од проекциите влезот ќе чини 150 денари.