САЕМ НА КНИГА-Награди за најдобрите

Денеска (12 ч.) во Метрополис арена на Скопски саем "Здружението на издавачи и книжари на Македонија" традиционално ќе ги додели наградите за остварувања меѓу двата саеми. Ќе се доделат награди за најдобро оригинално издание, едиција или проект од областа на литературата, науката, културата и уметноста, најдобро илустрирана едиција, книга или сликовница, специјално признание на најстариот жив писател во Македонија...

Исто, и од Конзорциумот на издавачи, книжари и печатари на Македонија ги соопштија нивните награди: најубаво уредени штандови имаат "Култура" и "Макавеј". Најдобра промоција и презентација на Саемот имале "Три", за промотивните активности, и "АЕА", за саемскиот каталог. Наградата за најуспешен настап на издавач од странство ја добива "Школска књига" од Загреб. Одлуките ги донесе жири-комисијата во состав: д-р Васил Тоциновски (претседател), Виолета Андреевска и Христо Петрески (членови


Во 11ч-Музеј на Македонија

Денеска е ден на културното наследство
"Религиозното наследство и светите места" е темата со која преку реферати денеска (11 ч.) во Музејот на Македонија ќе се одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите (18 април).
Аница Ѓорѓиевска, Мирка Илоска, Васка Печијареска и Јулија Тричковска ќе презентираат теми за различни религиозни објекти и локалитети во Македонија. Поканети се претставници на МПЦ и другите верски конфесии од Македонија.

Зоран Павлов, претседател на ИКОМОС, на вчерашната прес-конференција рече дека оваа тема ќе се инсистира да биде во фокусот во текот на целата година. Денот на културното наследство, минатата година се одбележа преку неколку реферати на темата индустриско наследство.

Секретарот на ИКОМОС, Лазар Шуманов посочи од потребата за создавање на партнерски односи и соработка со локалните самоуправи во Македонија.

ИКОМОС како меѓународен совет за споменици и места брои 250 членови, а функционира како невладина организација, со поддршка од Министрството за култура.