Почитувани,

Ве информираме дека делегација на Македонската академија на науките и уметностите, во периодот 14 до 16 октомври 2014 година ќе престојува во работна посета на Бугарската академија на науките, по повод одржувањето на Деновите на Македонската академија на науките и уметностите во Бугарската академија на науките.
За време на посетата, делегацијата во состав: акад. Владо Камбовски, претседател, акад. Владо Матевски, секретар, акад. Момир Поленаковиќ, раководител на Истражувачкиот центарот за генетско инженерство и биотехнологии на МАНУ, акад. Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ, акад. Живко Попов, акад. Алајдин Абази, акад. Газанфер Бајрам и Љубомир Ѓоревски, раководител на Архивот на МАНУ ќе одржи средба со колегите од БАН, и ќе биде одржано предавање за Македонската академија на науките и уметностите Исто така, ќе биде отворена и изложба (постер презентација) за работата на одделенијата и центрите на МАНУ.
Делегацијата на МАНУ ќе учествува и на свеченостите по повод одбележувањето на 145-годишнината од основањето на БАН.


МАНУ