Ве покануваме утре (10.05) во 12 часот на отворениот ден на Факултетот за информатички науки и компјутерски инженерство.

Во истиот период (12 часот) е планирана изјава за медиуми од страна на Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерски инженерство, проф. д-р Димитар Трајановски.

Исто така, ќе можете да бидете сведови на несекојдневно летање на квадкоптер, како и разни анимирања на присутните гости со роботите во сопственост на ФИНКИ.

Дозволете да ве информираме дека просториите на ФИНКИ се на Технолошко-металуршкиот факултет.

Покануваме екипа од вашиот медиум да го проследи настанот.

Ви посакуваме убав работен ден и убав викенд!

Со почит,
Викторија Китаноска

ПР тим на GPTM Production
Популарно.мк