Македонија домаќин на 70 конгрес на Меѓународната асоцијација на филмски архиви
Недела, 04 Мај 2014Над 200 делегати од светот претставници на 80 филмски архиви од денеска  па се до 10 мај ќе бидат дел од 70 конгрес на Меѓународната асоцијација на филмски архиви во организација на Кинитека на Македонија ...
kinoteka_fiaf_kongres_skopje

По тој повод вечерва во Музејот на македонската борба ќе се одржи свечен коктел  на кој присутните гости ќе ги поздрави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Во рамките на конгресот на 5 и 6 мај ќе се  одржи  стручен симпозиум на тема „100 години од Првата светска војна“, а секој ден, од 18:30 часот па се до полноќ во киното „Милениум“ ќе се прикажуваат филмски проекции на исклучително вредни, ретки и значајни тонски остварувања од целиот свет.  Филмовите се поврзани со Првата светска војна, а ќе бидат прикажани и филмови снимени пред 90 години.

Во истиот период ќе бидат прикажани и дел од филмските остварувања на Глигор Паковски, добитник на наградата „Златен објектив“ за 2014 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.