КАКО ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА "ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ" ОД "МАТИЦА"


Во Скопје за прв пат ќе се чита во темница



Посетителите ќе имаат можност да читаат во темнина, само со помош на специјални книжевни светилки, а атмосферата ќе биде надополнета со свирка со акустична гитара


Вечерва во Скопје за прв пат ќе се чита во темница. Настанот е замислен како можност посетителите да читаат во темнина, со светилки кои ќе ги осветлуваат само страниците на книгите во нивните раце. Место на случување - кафе-бар "Драма" на улица "Македонија". Старт - 20.30 ч. Настанот е со цел одбележување на Часот на планетата Земја, но и приклучување на акцијата на Клуб Матица за промоција на читањето насекаде и во секое време наречена Читај повеќе".
"На настанот ќе бидат присутни и дел од авторите на книгите. Истите ќе ги потпишуваат книгите кои ќе се поделат на посетителите, како подарок и начин да им се порача на луѓето да читаат повеќе и насекаде", велат од организаторот.

Еве како ќе се одвива се:
Од 20.30 до 20.40 часот ќе се изгаснат светлата во локалот и ќе се сместат посетителите. Потоа, до 21 часот ќе се чита проза и поезија од македонски автори, а до 21.30 посетителите ќе имаат можност да читаат во темнина, само со помош на специјални книжевни светилки, а атмосферата ќе биде надополнета со свирка со акустична гитара.

"Во текот на целиот настан, нашите еминентни автори Дарко Марковиќ, Евгениј Хоуп и Паскал Гилевски ќе ги потпишуваат поделените книги и ќе се дружат со посетителите на првото ноќно читање во Македонија", велат од "Матица".

Акцијата Читај повеќе" започна пред десетина дена, а главниот настан ќе се случи на 17 април кога сите фирми-учеснички ќе делат од откупените наслови на минувачите, како начин да се помогне при развивањето и надградувањето на свеста за читањето. Од "Матица" најавуваат и дека ова е прва, но не и последна кампања од овој тип. 

 

Друго:

Ве молиме да ги земете предвид следните локации за посетување од страна на вашиот медиум, затоа што истите ќе бидат исклучени (ќе биде исклучено осветлувањето) за акцијата Часот на планетата Земја утре во 20:30 часот:

1. Плоштад Македонија - централен настан со ИЗЈАВА ЗА МЕДИУМИ

2. Скопје Сити Мол

3. Камени мост

4. Кале

5. Канео Охрид

6. Самуилова тврдина Охрид

7. Парк Јане Сандански Аеродром

8. Парк на езерата Аеродром

9. Парк на авионот Аеродром

10. Парк Бранители Кисела Вода

11. Парк Шопен Кисела Вода

Покануваме екипа од вашиот медиум да присуствува на централното одбележување на настанот на плоштад Македонија во 20:30, кога ќе биде исклучено осветлувањето на сите споменици и објекти и со голем број на свеќи ќе биде испишано логото на акцијата.

Во истиот период ќе се даваат и официјални изјави.

За дополнителни информации контактирајте на +389 71 453 252.

Со почит,
Викторија Китаноска
Контакт центар
Earth Hour Macedonia