14.03.2014 год.

 Премиера на претставата за деца „Петар Пан“ ќе биде изведена утрвечер во Македонската опера и балет. Претставата на сцената на МОБ првпат е одиграна на 18 декември 1970 година.

Насловниот лик во претставата ќе го толкува Бобан Ковачевски, додека во останатите улоги ќе настапат Игор Веланоски, Дафина Даниловска, Трајче Стојковски, Билјана Басмаџиева, Билјана Пашариковска, Драган Кочоски, Мирослав Митрашиновиќ, Лиле Миленковска, Саша Евтимова, Агим Бафтии, Стефан Кочевски и Лора Тарчуговска.

Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бери (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Во МОБ ќе се одржат и две репризи на претставата и тоа на 21 март во 19 часот и на 22 март во 12 часот.