Stefan.Markovski.jpg

 Промоција на „Среќата е глагол“ од Стефан Марковски


На 20.02 (четврток) во Менада (Клубот ГЕМ – Стара скопска чаршија) во 20:30 часот ќе се одржи промоција на една од ретките книги-хибриди од литература за самопомош, позитивна психологија и филозофија кај нас и пошироко „Среќата е глагол – како мириса цутот на животот во Вас?“ од 23-годишниот Стефан Марковски, автор на книги од повеќе области, дипломиран книжевник и апсолвент на Филозофија, создавач и главен уредник на порталот zenica.mk.

Овој млад писател, поет и филозоф на јавноста и е познат преку своите дела кои почнал да ги објавува уште од гимназиските денови. Најпрвин романот „Еднонасочно“, за потоа да премине на поезија, пишувајќи ги збирките „За некои спомени на онаа некогашност“ и „Апеирон“.

Пред две години ги објави и промовираше своите први дела од областа на психологијата и филозофијата – „Хиерархиска еволуција на свеста“ и „Мета(де)конструкција и општа филозофија“.

Младиот Марковски е добитник на поголем број награди, вклучувајќи ја „Петре М. Андреевски“ (за роман), „Блаже Конески“ (за есеј), „Сонот на душата“ (за поезија), награда на УНЕСКО и Фондацијата ГОИ – Јапонија за есеј и други.

На промоцијата на првата книга на Марковски од мешаната област на позитивната психологија и духовната филозофија/наука учество во улога на читачи ќе земат Снежана Стојчевска, Даниел Карески и Адријан Арсовски, а промотор ќе биде Биљана Талевска.

Книгата ќе може да се купи по промотивна цена од 200 ден., а по промоцијата ќе следи коктел.

 Stefan.Markovski.jpg