Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во рамките на својата проширена обрaзовна и изложбена дејност, на 20.XII. 2013 г. во 19, 00  часот, ќе го отвори седмото по ред Студентско нтернационално арт биенале (СИАБ).  Биеналето ќе се оддржи во новоизгра-дената Галерија на ФЛУ,  која е сместена на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ ,а  свечено ќе  биде отворена од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски, како и од деканот на ФЛУ, ред.проф. Благоја Маневски.


Новоотворената галерија на ФЛУ финансиски е поткрепена со средства од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  како и со сопствени средства од Факул¬тетот, додека изложбата финансиски е  подржана од Министерството за култура на Р. Македонија
На Биеналето ќе учествуваат додипломци од завршните години на факултетите и постдипломци со дела изработени на хартија. Покрај учесниците од  Македонија, на изложбата ќе  се пре¬зен¬¬ти¬раат 43 студен¬ти и пост¬диплом-ци  од  де¬сет земји: САД, Мексико, Тајван, Египет, Гер¬ма¬нија, Полс-ка,  Бугарија, Хрват¬ска, Србија и Албанија.Делата ќе би¬дат жири¬рани од меѓу¬на-род¬на тричлена комсија, во состав: проф. Милета Прода¬но¬виќ од ФЛУ- Белград, проф. Јован Шумковски и проф Беди Ибрахим од ФЛУ–Скопје.На нај¬до¬брите дела, жири комисијата, ќе доде¬ли Гран при награда и две рамно¬прав¬ни награди.
 
Целта на СИАБ, како што ќе истакне  д-р Небојша Вилиќ, во предгово¬-рот за ката¬логот, е и „оваа година да биде место накое што се споредуваат степените на про¬пул¬зивноста во различни образовни институции и контек¬с¬ти...  Неговата наме¬ра е да ги покаже различните форми и облици на љубопитноста и истра¬жувањата на оние кои прифатиле да бидат упатувани во специфичностите на занаетот, од една страна, и ослободувачките моменти на осознавачкиот тво-речки процес во целина. Притоа се остварува и можеби уште поважната, сос-тојка на вака претпо¬ста¬веното место, а тоа е можноста за споредување (вонај-добрата и најполезната на¬мера) наразличните пристапи кон ослободувачкиот момент, предизвикан токму од пропулзивноста во системот на умеењата и знаењата, што до зволува уште една специфична форма на осознавање на уметничкиот творечки чин низ зна¬ењетоза, и науметноста.“
 Изложбата ќе биде отворена до крај на јануари 2014.