Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) во 20 часот ќе се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов Илузија за простор-времето.

Минималистичкиот проект на младата скулпторка Ивана Пирковска насловен „Илу­зијата за простор-времето“ се состои од пет транспарентни висечки инста­лации кои заемно кореспондираат и се надо­полнуваат. Проектот е конципиран од раз­лични материјали (плек­сиглас, огледала, обоени обрачи, топка, тениски топчиња, обоени конци, обоени фолии и објекти- цртежи). Пирковска во проектот глобално го актуелизира проблемот на излузијата, со која се восприема светот и човекот. Човечката перцепција и рецепција се ограничени, фрагментирирани, нецелосни во контекстот на простор-времето. Светот и човекот се набљудува и восприема низ искуството, т.е. илузијата стекната од раѓањето, такашто објектив­ната ствар­ност за светот на природата и за светот на човекот се темели на заблу­дата. Користењето на геометриските елементи (квадратот, коцката, кругот и линијата) во инсталациите на Пирковска се артику­лираат низ суперпозицијата на елемен­ти­те и низ линеарното вкрстување на точките на посочените геометриски форми. Во нив дополнително се вклучени огледалата како рефлексија не само на виртуел­носта/илузијата за простор-времето, туку и како метафора на Плато­новата алего­рија за пештерата, т.е. за нашиот ограничен, заробен ум, чие царство на идеите, стана царство на нашите проекции, фикции и стеканти илузии за све­тот и за човекот. Во нејзинте геометриски конципирани и минималистички крајно редуци­рани, речиси концептуалистички третирани инсталации, набљуду­ва­чот може да се проектира себеси и ментално да соучествува во довршувањето на идеите за презентираните форми, и на идеите за идеите на авторката, коишто се одне­су­ваат пред сè за природата на светот, и за природата на човекот, а кои се темелат на илузијата, на незнаењето, на предрасудите, коишто станаа сенки на сенките и слика на сликите на нашата секојдневна стварност.

Со почит,

Национална галерија на Македонија