Отворањето на изложбата Леб и сол, во организација на Националната галерија на Македонија, која се отвори  во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), во 18.30 часот, на која изложуваат 12 македонски уметници.

Изложбата предизвика голем интерес кај австриската публика со голема посетеност и позитивни критики од стручната фела и Министерството за образование, култура и наука на Австрија. Поради сето ова се отпочнати разговори за продолжување на идни соработки на размена на уметници и понатамошна соработка меѓу Македонија и Австрија.

На отворањето на изложбата говореа Норберт Риедел, поранешен раководител при австриското Министерство за образование, култура и уметност, Карин Зимер, сегашен раководител на Секторот на меѓународна соработка при Министерството за образование, култура и уметност на Австрија, г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија и г-а Хилда Колевска од Аташето за култура во Амбасадата на Република Македонија во Австрија. На отворањето на изложбата присуствуваше и Ханспитер Хубер, директор на Директоратот за меѓународна соработка при Министерствот за образование, уметност и култура на Австрија.

На изложбата насловена „Леб и сол (транзиција и пол)“ се опфатени 12 различни аспекти на видување на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес. Генерациската разнородност на селектираните уметници, како и медиумскиот богат концентрат (од класичните слики и скулптури, па се до објекти, инсталации, фотографии, видеа, плакатски решенија) нудат една поопшта слика на актуелностите во македонската современа уметност во последната деценија.  

           Низ дванаесетте селектирани гледишта на Искра Димитрова, Ирена Паскали, Славица Јанешлиева, Зени Балаќи, Александар Спасоски. Мирослава Микица Трујкановиќ, Таби Азири, Дијана Богдановска, Осман Демири, Гоце Наневски, Велимир Жерновски и Филип Јовановски е акумулиран симулакрумот „Леб и сол (Транзиција и пол)“.  Преку авторските визуелно-концепциски јукстапозиции допрени се перспективите на забореваната традиција и припадноста, како и брзата глобализација чиј еден од многубројните последични рецидиви во културолошки смислол е појавата и негувањето на турбо и поп културата, со емфаза на кичот. Се обработува дихотомијата сиромаштија („лебот наш насушен“) – изпермутиран квази капитализам. Потоа, од историска призма, се наѕираат аспектите на наметнатиот матријархат (од времето на печалбарството), па преодот во патријархат во социјализмот, до денешното, затскриено ривалство на половите за доминација (и покрај начелната еднаквост и рамнотежа). Низ визуелни решенија се допираат и ставовите, произлезени од општествените стеги и наметнатите  авторитарни нормативи, на феминистичките групи за себството, а исто така и правата, еднаквоста, слободата и почитувањето на поинаквите во сексуланата определба, т.е. LGBT групата. Аспектот на “lost in translation” или лична интерпретација на „изгубени во преодот“... транзицијата.

           Куратор на изложбата е Ана Франговска.

 

Со почит,
Национална галерија на Македонија