П О К А Н А
   "Гласот на оној што вика во пустињата..." Мар. 1, 3


Возљубени во Христа воскреснатиот! Неиспитливи и чудесни се патиштата Господови, така по Неговата неискажлива милост, поетската збирка " Реки Вавилонски", доживеа второ издание.
Ни претставува огромна радост и чест да Ве поканиме на промоцијата на ова поетско дело на 31 август 2013 год. во 19 часот во салата при Соборниот храм " Свети Климент Охридски" во Скопје.
Вашето присуство ќе ја зголеми и дополни нашата духовна радост, та зарадувани во срцата сите заедно Бога да го славиме и да повикаме:
                              "Излевај покајание за се,
додека телото си го носиме,
крај реките свои Вавилонски да плачеме..."


Промотор:
Г- дин Михаил Ренџов

28.08.2013