Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) Ве поканува на прес-конференција по повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите.
На прес-конференцијата, која ќе се одржи на 15 мај (среда) 2013 година, 11:00 часот во НУ Музеј на Македонија претседателот на МНК ИКОМ, м-р Симонида Миљковиќ, ќе Ве запознае со активностите за одбележување на 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите.