Манифестацијата  „Една фотографија – илјада зборови“ ќе се одржува во Младинскиот културен центар од 5-ти до 7 април.

Организатор е  проект платформата за развој на креативните индустрии  „Скопје креатива“ во соработка со регионалната платформа за активизам „Лице в лице“.

Младите креативци ќе имаат можност од професионалниот фотограф Томислав Георгиев да ги научат вештините на уметничкото творење преку фотографија, на теми: демаргинализација, екологија и активизам.  Тие ќе усовршуваат техники, композиција, кадар, план, но и ќе бидат поттикнати да го изразат својот став за реалноста.

- Една од задачите на „Скопје креатива“ е преку низа активности, меѓу кои се и работилници за младите луѓе, директно да го пренесеме значењето за креативните индустрии и можностите кои ги дава спојот на убавото и корисното во општеството, економијата и индустријата, соопшти „Скопје креатива“.


Услов за учество на работилницата е пријавените кандидати да имаат сопствен фотоапарат. Најуспешните дела ќе бидат објавени во уличното активистичко списание „Лице в лице“, а ќе имаат можност и да учествуваат на јавниот повик за избор на најдобра фотографија кој ќе го објави „Скопје креатива“.


Најдобрите фотографии ќе ги селектира стручна комисија и ќе бидат презентирани на изложба во „Галерија 8“, а три од нив ќе бидат наградени од „Никон“.


Кандидатите треба да ги пратат своите биографии со куси мотивациски писма на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 3 април 2013. Конечната листа на кандидатите избрани за учество на работилницата ќе биде објавена на 4 април. хс/ са/15:50