ПРОМОЦИЈА НА НАУЧНАТА СТУДИЈА “АНТИЧКА ХЕЛАДА - АКАДЕМСКА ФИКЦИЈА“ ОД Д-Р ПЕТАР ПОПОВСКИ

 

14 март 2013 година, Скопје, Македонија - Во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје, на 15 март 2013 година, петок, со почеток во 12.00 часот ќе се одржи промоција на најновата научна студија на д-р Петар Поповски “Античка Хелада - академска фикција - грчката и западната историографија градени врз фалсификати и манипулации“.

 

Студијата ќе ја претстават Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес и проф. Ангелина Маркус.

 

Водител на промоцијата е уредникот на ТВ СОНЦЕ Марина Дојчиновска Гарка.

 

Научната студија “Античка Хелада - академска фикција - грчката и западната историографија градени врз фалсификати и манипулации“ има богата библиографија и е резултат на неколку истражувањата на стотина видни историчари, етнолози, антрополози, генетолози и лингвисти од разни страни на светот. Авторот д-р Петар Поповски нив ги сублимира во научната студија, фактографски аргументирајќи ги фалсификатите и манипулациите на грчката и западната историографија за т.н. “Античка Хелада“.