Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 11 март 2013 година (понеделник) во 19 часот ќе се отвори изложбата Центар ШОК на која се претставуваат 12 уметнички и човечки средби кои се занимаваат со истражување на поимот на судир на идеи, емоции, знаци и симболи.

Изложбата ќе ја отворат Н.Е. Роман Вашчук, Амбасадор на Канада и

 г-ѓа Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

Изложбата Центар Шок е организирана со поддршка на Амбасадата на Канада во рамките на прославувањето на Деновите на Франкофонијата во месец март.

 

Со почит,

Национална галерија на Македонија