ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА
СВЕТИ ПЕТАР ЦЕТИЊСКИ И СВЕТИ ВАСИЛИЕ ОСТРОШКИ - ЦРНА ГОРА ОД 06 АПРИЛ ДО 08 АПРИЛ 2012 ГОДИНА 

Скопската епархија, со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Петар Цетињски и свети Василие Острошки - Црна Гора.
1 ДЕН (06.04.2012 петок): Состанок со групата во 23.30 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Косово и Црна Гора, (ноќно возење).
2 ДЕН (07.04.2012 сабота): Пристигнувањето во Цетиње е предвидено околу 08.30 часот каде што најпрвин ќе биде посетен  манастирот посветен на свети Петар Цетињски и ќе можат поклониците да се поклонат на моштите од светителот, како и на дел од чесниот Христов Крст  и десната рака од свети Јован Претеча. Следи продолжување на патот кон  манастирот Свети Василие Острошки, а пристигнувањето во манастирот Острог е предвидено во попладневните часови, по што следи сместување во манастирот.

3 ДЕН (08.04.2012 недела): Будење, а потоа заминување на Литургија. По Литургијата следува тргнување на пат кон Подгорица и манастирот Морача (Успение на Пресвета Богородица)  и негова посета, каде поклониците ќе можат да се поклонат пред дел од моштите на свети Харалампие, а потоа заминување за Скопје. Пристигнувањето во Скопје се планира во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.300  ДЕНАРИ. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: КОПИЈА ОД ПАСОШ КАДЕ ШТО СЕ НАОЃА СЛИКАТА. 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничко осигурување, автобуски превоз, сместување во манастирот (во повеќекреветни машки и женски соби без купатило) на свети Василие Острошки и транспорт до гореспоменатите локалитети.
Последен рок за пријавување е 04 април 2012 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош, ст. 1-2. Личните подадоци може да се испратат и по интернет.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070 582 588 или на е-маил: павловицм1Жѕахоо.цом или Скѕпе: мопавловиц
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.  
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.