Ќе се гради нова црква

На територија на Општина Аеродром наскоро ќе се гради нов православен храм кој ќе биде најголем во општината. Црквата која ќе го носи името Св. Кирил и Методијј, треба да се гради на крстосницата меѓу булеварите Србијаа и Јане Санданскии, дијагонално од поштата во Реонскиот центар Аеродромм.

Вчера во посета на Општина Аеродром беше поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој оствари средба со заменик-градоначалникот Југослав Зибероски.

- Се очекува камен-темелникот на овој православен храм да се постави во текот на август или почетокот на септември годинава. За оваа црква веќе има предвидено градежна парцела со површина за градба во деталниот урбанистички план за локалитетот Јане Сандански, кој е во процедура и се очекува наскоро да биде донесен од страна на Советот, велат во Општина Аеродром.

На средбата се разговараше и околу динамиката на доизградбата на црквата Св. Пророк Илијаа во населбата Аеродром за да може овој православен храм да биде осветен на големиот христијански и национален празник Илинден.

(Д.Т.)