ОХРИД -

Градот Охрид и дебарско-кичевската епархија ќе бидат одликувани од шабачко - ваљевскиот владика на Српската православна црква г. Лаврентиј, во спомен на владиката Николај Велимировиќ, кој во периодот меѓу двете светски војни бил на чело на тогашната охридска, а потоа и на охридско-битолската епархија, пренесува "Охридњуз". Вакво признание веќе им е доделено на градот Битола и фирмата Дастоо. Владиката Лаврентиј е припадник на умерената струја во СПЦ која се залага за решавање на црковниот проблем со МПЦ. Тој беше учесник на светската меѓурелигиска конференција што минатиот октомври се одржа во Охрид, на која тој даде свое видување на српско-македонсиот црковен спор - Македонскиот и српскиот народ се два најблиски народи од сите словенски народи, соседи сме, јазиците и традицијата ни се слични и грев би било да ни е поблизок некој од северна Европа отколку нашите браќа по вера. СПЦ и МПЦ немаат теолошки, туку практичен проблем во кој свое влијание има и политиката. изјавил тогаш владиката Лаврентиј. Потегот на шабачко-ваљевскиот владика се смета за мало доближување на двете цркви по периодот на заладени односи поради непризнавањето на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ.

Друго:

 

Посети:{moshits}