________________________________________________________________________
Adress : ul. “Marshal Tito br. 60” vlez pri NU Naroden Teatar; 7000 Bitola; Makedonija
Licence No.168 – “A” category; tel : +389 (0) 47 228 185; fax : +389 (0) 47 228 185


Р О М А Н И Ј А
ЈАШИ СВ.ПЕТКА, ТРАНСИЛВАНИЈА, БУКУРЕШТ
 (14 ЈУНИ-19 ЈУНИ)

1 ДЕН (14 ЈУНИ)
    Состанок на групата пред Спортската сала Младост во Битола и поаѓање во 22 часот. Транзит низ Бугарија, граничен премин Деве Баир-Ѓуешево.

2 ДЕН (15 ЈУНИ)
    Пристигнување на Бугарско-Романската граница во претпладневните часови, граничен премин Русе-Џурџу. Патување низ Влашката низина. Пристигнување во Букурешт околу пладне. Пауза за размена на валута и др. Поаѓање кон Трансилванија, односно кон срцето на Трансилванија-гратчето Бран. Сместување во хотел и ноќевање.

3 ДЕН (16 ЈУНИ)
    Појадок. Посета на палатата „ПЕЛЕШ„ поранешна резиденција на Романските кралеви (XIX век). Пауза во градот Брашов-најголем град во Трансилванија. На пладне поаѓање кон областа Неамц-Романска Молдавија, северо-источна Романија. Со попатни паузи, пристигнување во вечерните часови. Сместување во црковен мотел. Ноќевање.

4 ДЕН (17 ЈУНИ)
    Поаѓање кон градот Јаши. Присуствување на Света Литургија во Соборниот храм и поклонение на моштите на Св. Петка. Слободно време за индивидуално разгледување на градот-административен и духовен центар на романска Молдавија и некогашна престолнина на истоименото кнежевство. Враќање во областа Неамц. Посета на манастирот Сихастија, каде се наоѓа гробот на старецот Клеопа-еден од најголемите духовници на Православието во 20 век. Враќање во црковниот мотел. Ноќевање.

5 ДЕН (18 ЈУНИ)
    Поаѓање кон Букурешт во 7 часот. Со попатни паузи, пристигнување на пладне. Панорамско разгледување на градот, Пјаца Романа (Римскиот Плоштад), Капитоленската волчица (подарок од Италија, копија во знак на латинските корени на двата народа), посета на Патријаршкиот храм Св. Константин и Елена и поклонение на моштите на Св. Димитриј Басарабов. Слободно време за индивидуално разгледување на градот. Поаѓање кон Македонија во 20 часот.

6 ДЕН (19 ЈУНИ)
    Транзит низ Бугарија. Со попатни паузи, пристигнување во Битола во попладневните часови.



ЦЕНА 149 евра


Во цената на аранжманот е вклучено:
-    Превоз со високотуристички автобус (клима, ДВД) на наведената релација;
-    3 ноќевања (1 хотел со појадок, 2 во црковен мотел);
-    Патничко осигурување;
-    Водич и пратител на групата.

Во цената на аранжманот не се вклучени:
-    Влезница во Палатата (една влезница околу 5 евра).



Краен рок за пријавување: 03 Јуни