Изложба на фотографии

Церемонија: Њујорк, Њујорк - Кервин Кендел Вилиамсон

Урбана Ноар Фотографија - Галерија Рудиќ, 14 октомври(сабота) 2023, 19ч

Суштината на Њујорк не е само во неговите култни места, туку и во деловите кои луѓето ги нарекуваат „дома“. Можеби се работи за еден град, но неговите квартови и маала се светови за себе.

Естетиката на градот е секогаш и во хармонија и во контраст со колективната перцепција на неговите жители.

Секојдневните аспекти на животот во градот и на оние кои таму живеат се издигнати во духот на фотографи како Гордон Паркс, Кери Меј Вимс, Алфред Стиглиц, Волкер Еванс и Роберт Френк. Делата на авторот се фокусираат на дихотомијата помеѓу носталгијата и воајеризмот.

Талентиран визуелен уметник од Бруклин, Њујорк, со соло и групни изложби во Њујорк, Скопје, Битола. Негови дела биле објавувани во САД, Р.С. Македонија и Шпанија.

Во моментов, Кервин Кендел Вилиамсон е застапуван од галеријата “FiveMiles” во Бруклин, Њујорк. За препораки, контактирајте ја Hanne Tierney - FiveMyles: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.