Тркалезна маса на тема: Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална пазарна економија во Република Северна Македонија

Ве известуваме дека на 12 февруари 2020 година, во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, со почеток во 10 часот, во МАНУ ќе се одржи Тркалезна маса на тема: Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална пазарна економија во Република Северна Македонија.
На Тркалезната маса ќе присуствуваат претставници од академската заедница (универзитетски професори на кои им е блиска оваа проблематика), претставници од регулаторните институции, претставници од Стопанските комори и други учесници.


МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА
НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ


А Г Е Н Д А


10:00 – 10:10 часот
Отворање на Тркалезната маса – реч на акад. Таки Фити,
Македонска академија на науките и уметностите


10:10 – 10:30 часот


Воведно излагање на проф. д-р Даниела Мамучевска,
Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
10:30 – 13:00 часот


Дискусија