„Рудиќ Галерија“ како изложбено место за фотографија има за цел да промовира нови млади и талентирани македонски фотографи.
Поради тоа со големо задоволство ве покануваме на отварањето на самостојна изложба на еден таков млад и перспективен македонски автор, Филип Лафазановски.
На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии од неговиот творечки опус.
Отварањето на изложба ќе биде на 24.09.2019 (вторник) во 20:00 часот, „Рудиќ Галерија“, бул. АВНОЈ 74, Скопје.

 

ФИЛИП ЛАФАЗАНОВСКИ

Филип Лафазановски е роден во Скопје на 14 јануари 2000 година. Своето средно образование го завршил во Гимназија „Никола Карев“. Моментално посетува додипломски студии на универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ во Скопје, насока – Филм и Дигитални медиуми. Со фотографија се занимава 5 години. Неговиот фотографски интерес е насочен кон секојдневни ситуации и моменти на обичниот човек во урбана средина, впечатливо нагласувајќи го стилот на таконаречената улична фотографија (street photography). Во фотографиите најчесто е прикажан односот помеѓу човекот и архитектурата, создавајќи композиција на современиот градски живот.  

Некои од делата се објавени во следните медиуми: Urban Eye Magazine, 2016; We Street Book, London, 2016; Global Photography Network, 2018.
Самостојни изложби: Печ, Сегед (Унгарија).   

Награди: Фотомедија 2016(FIAP бронзен медал), Денови на Македонска фотографија 2016 (златен медал во младинска конкуренција), Денови на Македонска фотографија 2017 (златен медал во младинска конкуренција).

Како автор е вклучен во колекцијата на Фото Сојуз на Македонија: „Актуелен момент во македонската современа фотографија“, која е прикажана во Чачак, Скопје, Град Негова(Словенија) и Ријека.

Живее и студира во Скопје.