На 14-ти јули 2019 г.

од

20: 22:30ч.

во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје

 

Машкиот хор Св. Ефраим го доби името според сирискиот светец, кого го викаа "Арфа на Светиот Дух", кој користеше музика за да ја шири Божјата љубов. Главната цел на машкиот хор Свети Ефраим лежи на три главни столба: едниот е да истражува, презентира и да го шири вокалното наследство на христијанската византиска музика-христијански обреди, како во Унгарија така и во странство. Второ, да се негува богатата унгарска музичка литература за машките хорови (Liszt, Bartok, Kodály, Ligeti) и, трето, да ги популаризира делата на вредните современи хорови.
Уште од 2002 година, хорот прерасна во најпопуларна вокална група на Унгарија. Основачот и уметничкиот директор, Тамаш Бубно, беше добитник на наградата Лист, како и добитник на Унгарската награда за уметнички заслуги во 2017 година. Заедно како ансамбл на хорови, Машкиот хор Св. Ефраим беа добитници на Наградата за унгарско наследство и Наградата Бренд на Будимпешта. Многу очекуваната годишна концертна серија на Orientale Lumen (Светлина на истокот) е основана и организирана од хорот 2011 година, поканувајќи за соработка меѓународни гости кои претставуваат различни елементи на византиската и светската музика, за секој концерт.
Меѓународниот успех на хорот започна во 2006 година на Меѓународниот фестивал на православната музика Hajnowka, во Полска, каде што Машкиот хор Св. Ефраим ја доби првата награда во професионална категорија ода на хор, станувајќи први и последен хор со несловенско потекло кој добил награда. Оваа престижна награда му отвори пат за меѓународни претстави, бидејќи беше поканет на фестивали како што е Фестивалот Aldeburgh во Обединетото Кралство, Фестивалот Фез во Мароко, Фестивалот на светска музика - Кетеван, Индија, Schleswig-Holstein Musik Festival - Германија, Donaufest-Ulm – Германија, MusikFestspiele Saar – Германија, Festival de Royaumont – Франција, Festival d’Auvers sur Oise – Франција, Ravenna Festival – Италија, Janacek May Festival – Чешка Република, Dvorák Festival – Чешка Република, Фестивал на Обединетото Кралство, Фетсивал Дворак – Република Чешка, Sakralnej Festival Gdynia - Полска, Пролетен фестивал Гданск - Полска, Фестивал Concentus Moraviae – Република Чешка, Пролетен фестивал на Сан Петербург - Русија.
Нормално, хорот, исто така, редовно настапува на најпрестижните фестивали на Унгарија, како постојан учесник на Фестивалот на пролетта во Будимпешта, фестивалот Arcus Termporum, Барток Радио АрТриум, фестивалот Арс Сацра, во Долината на уметноста, на Фестивалот Земплен, исто така редовен учесник е во сериите на Маратонскиот фестивал на Оркестарот на Будимпешта. Хорот има цврсти врски со црквата, настапувајќи често пред публика и на верските музички настани.
Досега издадени се 10 албуми, од кои едниот, насловен “Bizantine Mosaics” ја доби наградата Суперсоник, во 2010 во Луксембург.