Ве покануваме на промоција на годишниот Извештај за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите за 2018 година, што ќе се одржи утре (25.12.2018), во ЕУ Инфоцентарот со почеток во 11:00 часот.

Извештајот содржи наоди и препораки во делот на медиумската легислатива, социјалните права и безбедноста на новинарите и медиумските работници.

По кусата презентација на клучните наоди, ќе следи кратка дискусија и настанот ќе заврши со прием од 12.00 часот.

Извештајот е изготвен во рамки на проектот: „Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“.

Во рамки на утрешниот настан ќе биде промовирана и публикацијата: „Анализа на одлуки на Основниот суд Скопје II Скопје во врска со примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда извршени преку медиуми донесени во 2017 и 2018 година“.