Почитувани верници и наши читатели,
Ве известуваме дека во неделата на светите праоци  кога го прославуваме празникот на св. Игнатиј Богоносец и Праведен Јован Кронштадски, чудотворец,во  2019 лето Господово, во Охрид ќе се одржи сеноќно бдение во храмот  Св. Троица (населба Црногорци) кое ќе започне на 01. Јануари  во 22 ч.


                     

Дојдете сите заедно да ги упатиме молитвите кон Бога, а овие светила на Црквата, нека измолат за нашето православно македонско општество од небесните височини благодатни сили, за да можеме времето на постот да го поминеме во свештен мир и доблесна љубов.

 

Подготви: Дејан Блажески

24ти декември 2018 лето Господово