Наслов на изложбата „Дај му форма на животот“
Објект : Мала станица
Датум: 7.12.2018 год во 13часот


Националната галерија на Македонија преку разните едукативни содржини посебно става акцент на активностите и проектите посветени на ранливите категории. Проектот „Дај му форма на животот“ е дел од проектот Уметност за сите кој е финасиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Во овие креативни работилници со глина учествуваа децата од училиштето за слепи лица ,,Димитар Влахов, децата од училиштето за деца со оштетен слух и говор ДУЦОР ,,Партенија Зографски,, како и учениците од паралелката за меѓународна матура  од СУГС  Гимназијата Јосип Броз. Тие работеа со глина бидејќи таа со својата пластичност и можност да се одзема и додава, лесно се обликува, и овозможува  учениците брзо да ги реализираат своите желби. Во одлична работна атмосфера помеѓу овие млади луѓе,  тие создаваа уметност, ја покажаа својата инвентивност, но и се приближија едни кон други што е и главната цел на ваквите проекти. Ваквите проекти многу значат кога нивниот труд има вистинско место, вистински зборови и позитивна реакција. Преку проектот „Дај му форма на животот“  Националната галерија на Македонија го одбележува 3ти декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Изложбата ќе биде поставена до 17-ти декември 2018 година соопштува Маја Димитрова, едукатор.
Национална галерија на Македонија