Одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на Институтот за национална историја од Скопје

По тој повод, Институтот организира Свечена академија и Меѓународен научен симпозиум на тема „Балканската историографија и современите предизвици“.

Свечената академија ќе се одржи на 7 ноември (среда) со почеток во 19:00 часот, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите.

Меѓународниот научен собир ќе се одржи на 9 и на 10 ноември (петок и сабота) во просториите на Клубот на пратениците (Бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 45, Скопје) во Скопје. На него ќе земат учество 60-ина истакнати научници од земјава и од странство.

Во името на Организацискиот одбор за одбележување на 70-годишнината на Институтот за национална историја – Скопје,


ПРЕЗЕМИ ПРОГРАМА

Со почит,

 Д-р Александар Манојловски

Генерален секретар на симпозиумот