Со големо задоволство Ве покануваме на завршната изложба и јавен настан по повод доделувањето на наградата ДЕНЕС за млад(а)  визуелен(а) уметник(чка) до 35 години во Македонија, кои ќе се одржат на 25 април (среда), со почеток од 19 часот во галеријата на Младинскиот културен центар од Скопје.
 
Програмата ја сочинуваат:
 

 - 19ч/ галерија на МКЦ/ јавен настан

Разговор со членовите на жирито: Лора Рајкович, писателка и уметничка работничка, до неодамна директорка на Квинс Музејот во Њујорк и една од најзначајните политички уметнички работници во светот, Валентина Коча, основачка и директорка на ЗЕТА Галеријата за современа визуелна уметност во Тирана, Маја Чанкуловска - Михајловска, критичарка, истражувачка и кураторка во Националната галерија на Македонија,

Зорица Зафировска, визуелна уметничка и добитничка на награда ДЕНЕС и Славица Јанешлиева, професорка при Факултетот за ликовни уметности, Скопје и финалистките Анастасија Пандиловска и Верица Ковачевска, како дел од  дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“, курирана од Ивана Васева, во рамки на наградата ДЕНЕС.
 

- 21ч/ галерија на МКЦ/ изложба и прогласување на победничка

Отворање на изложбата на четрите финалистки за наградата ДЕНЕС -

Верица Ковачевска, Наташа Неделкова, Анастасија Пандиловска, Ивана Сиџимовска - и прогласување на добитничката на наградата која подразбира двомесечен престој во Њујорк во Residency Unlimited.


Координаторка на наградата и кураторка на „Совршениот уметник“

Ивана Васева

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

070 905 212

 --
Ivana Vaseva
freelance curator
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia