Промоција на новата книга од Викторија Поп Стефанија насловена „Обликот на храмот“. Книгата ќе ја промовираат отец Стефан Санџаковски, и проф. Иван Додовски, а воведна реч ќе одржи акад. Георги Старделов, во издание на издавачката куќа Магор од Скопје
Промоцијата ќе биде проследена со музички перформанс на кавал на виртуозот Гоце Димовски.
Промоцијата ќе се одржи во Музеј на град Скопје, на 17.11.2017 , со почеток од 18 часот.
Го очекуваме Вашето присуство.


„Делото „Обликот на храмот“ од нашиот виден архитект, Викторија Поп Стефанија - како продолжување на нејзината претходна книга „Логосот во архитектурата“ - е оригинално замислено, длабокоумно обмислено и вдаховено напишано. По својот широк содржински зафат - (продлабочена егзегеза на Светото писмо) и долгиот временски опфат (проследување на историјата на облиците на храмот од создавањето на „Стариот завет“ и, милениуми потем, од „Новиот завет“ до денес), „Обликот на храмот“ на Викторија Поп Стефанија претставува прво такво дело во историјата на македонската култура. Тоа се гради и воздигнува врз столбовите на боговдахновените содржини на Светото писмо: Светот е создан како Божју храм, Божјиот храм како светот.“

Акад. Георги Старделов

„Има многу дела во кои се истражува христијанската архитектура во Македонија и во поширокиот регион, но книгата на Викторија Поп Стефанија „Обликот на храмот“ е редок пример на промислување на архитектонските феномени со еден богословски поглед, со ерудиција и критичност, со способност за трансисториска синтеза. Тоа ја прави оваа студија уникатна, но и незаобиколна за секој што сака да проникне во тајните и во наследството на православната византиско-словенска култура.“

Проф. д-р Иван Додовски