Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство се приклучува кон одбележувањето на манифестацијата „18 Мај - Меѓународниот ден на музеите“.


Темата која ја пропишува Меѓународниот совет на музеите (ICOM) со седиште во Париз, Франција и која важи за сите земји за 2017 година носи наслов „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“ (Museums and contested histories: Saying the unspeakable in museums). Оваа тема се фокусира на улогата на музеите кои, работејќи за доброто на општеството, стануваат центри за помирување на народите. Исто така, таа наглсува како прифаќањето на спорните истории е првиот чекор кон замислување на зедничка иднина во знак на помирување. Избирајќи да се каже н искаживото во музеите, темата на Меѓународниот ден на музеите за 2017 се осврнува на тоа како да се разберат неразбирливите аспекти од спорните истории својствени за човештвото. Таа исто така ги поттикнува музеите да играат активна улога во мирното разрешување на трауматските истории преку посредување изразување на различни гледишта и се фокусира на врската помеѓу замислување на иднина која ги надминува табу-темите и води кон подобро меѓусебно разбирање.