На  4 октомври 2016 година со почеток од 12.00 часот во НУБ „Свети Климент Охридски“-Скопје

ќе се одржи промоција на македонското издание на книгата

„Несвети, а свети“ во авторство на епископ Егорјевски Тихон.


Книгата ќе ја промовира проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Богословски факултет – Скопје, по што ќе се обрати авторот.

 

Издавач: Кумановско- осоговска епархија 2016

Со благослов на митрополитот Кумановско- осоговски

Г. д-р Јосиф



Епископ Тихон (Шевкунов) е истакнат представник на Руската православна црква, викар е на Патријархот Московски и на цела Русија, претседател е на Советот за култура при Патријархот, широко познат теолог, писател и филмски режисер.

Во Република Македонија доаѓа на лична покана од Председателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов.

 

        АМБАСАДА  НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
                

         Скопје, 30 септември 2016 година

 

Друго:

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“ (извадок)

Читатели кои не читаат (24.05.2016)

 

Епископот Тихон е роден на 2 јули 1958 г. во Москва. Во 1982 година дипломирал на Факултетот за сценарио на Државниот институт за кинематографија, по што станал искушеник во Псково-печерскиот манастир. Монашки потстриг примил во 1991 година во Донскиот манастир, а истата година бил ракоположен и во јероѓаконски и јеромонашки чин. Во игуменски чин бил унапреден во 1995 г, а во архимандритски – 1997г. Во 2010 година бил именуван за одговорен секретар на Патријаршискиот совет за култура, а со одлука на Претседателот на Руската Федерација, г. Димитриј А. Медведев, истата година е вклучен и во состав на Советот за култура и уметност при Претседателот на Руската Федерација. На 22 март 2011 г. станал член на Највисокиот црковен совет на Руската Црква. На 29 февруари 2012 г. Рускиот Патријарх го поставил за игумен на Сретенскиот манастир. Ректор е на Сретенската духовна семинарија, раководител на издавачкото одделение на Сретенскиот манастир и интернет-презентацијата „Pravoslavie.ru“. Од јули 2012г. е член на Општествениот совет при Министерството за култура на Руската Федерација. Член е на Руската Академија на природни науки.