КОНЦЕРТ НА
МОМЧИЛО КУФОЈАНАКИС – виолина
ВЕСНА АНГЕЛОВА ХРИСТОВ - пијано

На 22 јуни 2016 година, со почеток во 20:00 часот,во Музеј на град
Скопје  во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија
концерт ке одржат етаблираните уметници Момчило Куфојанакис, виолина и
Весна Ангелова Христов, пијано.



На програмата ќе бидат изведени дела од Брамс, Сен-Санс, Бетовен и Изаи.

Овој концерт е во рамките на Проектот на Сојузот на музички уметници на
Македонија насловен “Циклус на концерти PRO MUSICA“ кој се реализира  со
подршка на Министерството за култура на Р. Македонија.

Момчило Куфојанакис дипломирал на ФМУ Скопје, а магистрирал на државниот конзерваториум „А. К. Глазунов" во Петрозаводск во Русија, во класата на Заслужниот артист на СССР проф. К. Ј. Векслер. Добитник е на две специјални државни награди и пет први награди на државни, регионални и меѓународни натпревари.Во 2015 година се навршија десет години на континуирана музичка дејност на концертните сцени ширум земјата, успешно и достојно претставајќи ја Република Македонија во Русија, Хрватска, Косово, Бугарија...

Весна Ангелова Христов дипломирала на ФМУ Скопје, а магистрирала во класата на проф. Рита Кинка од Нови Сад. Добитник е на три први државни награди и една специјална награда на меѓународен натпревар. Повеќе од две децении ја претставува Македонија на музичките подиуми на Бугарија, Франција, Турција, Чешка, Србија...
На почетокот на јуни, оваа 2016 година, Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова Христов, со рецитал ја претставија Република Македонија на шестиот „Меѓународен фестивал на франкофонијата" во Созопол, со подршка на Културно информативниот центар на Р. Македонија и Министерството за култура на РМ.