Фотографска изложба на Фото Клуб “Елема“ од Скопје, под име "Елема монохроматик",  ќе се одржи во Софија, во галеријата “ +Това “.  На изложбата ќе бидат претставени 35 црно-бели фотографии, од 15-тина фотографи, создадени во минатите неколку години. Оваа патувачка изложба веќе беше изложена во Словениа, Кина, Србија, Индија, Словачка и Босна и Херцеговина.

Отворањето на изложбата е на 20.05. 2016 во 18 и 30 h.

Изложбата ќе ја отворат Проф. Др. Цветан Гавровски и председателот на Academy of Photography Bulgaria "Yanka Kyurkchieva", г-н Јавор Попов.


Срдачен поздрав,

Претседател на Фото Клуб “Елема“
Вацлав Лукиќ