Имаме чест да Ве поканиме на традиционалното одбележување на Денот на Фондацијата „Трифун Костовски“, што ќе се одржи на 12 мај 2016 година (четврток), во 12.00 часот во Свечената сала на МАНУ, во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Фондацијата „Трифун Костовски“. Централен настан ќе биде промоција на изданието и меморијална изложба „Жената de profundis“ од акад. Томе Серафимовски.

Обраќања на акад. Таки Фити, претседател на МАНУ и г-дин Трифун Костовски, основач на Фондацијата.
Изданието ќе го промовираат: проф. д-р Слободан Каштела и Аријана Краљ, ликовен теоретичар и критичар.
Меморијалната изложба ќе ја отвори акад. Газанфер Бајрам, секретар на Одделението за уметност.
Посланието до Томе Серафимовски од Адонис ќе го прочита актерот Висар Вишка.