ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ИГРАН ФИЛМ „ЕКЛЕР”
 
Продуцентската куќа ФРАГМЕНТ ФИЛМ, Ве известува дека во среда, 4 мај 2016 година, ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „ЕКЛЕР” во режија на Марко Ѓоковиќ. Премиерата е закажана за 21:00 часот во киното Милениум.
 
Филмот „ЕКЛЕР” е приказна за синот на куварката во Маршаловата вила, кој после десет години, за прв пат, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја пипне.
 
Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.

Авторскиот дел од екипата го сочинуваат: Александар Крстевски - директор на фотографија, Иван Бартлинг - сценограф, Емилија Ивановска Атанасовска - костимограф, Симона Ристевска - шминкер, Горан Вуќиќ - монтажер, Игор Поповски - дизајнер на звук и Огнен Атанасовски - композитор. Продуценти на „ЕКЛЕР” се Дејан Крајчевски, Марија Димитрова и Емилија Чочкова.

    „ЕКЛЕР” е во продукција на Фрагмент Филм, а копродуценти на филмот се Круг Филм, Вертиго Визуал и Аудио Хаус од Македонија и Кубе Студио од Албанија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.

    Од 05.05.2016, четврток, филмот „ЕКЛЕР” ќе се прикажува на редовен репертоар во кино Милениум.
Трејлер:

https://vimeo.com/164884493

https://youtu.be/M9Ryw_oI9Rw

 

Facebook страна:

https://goo.gl/nC4zHy

 За дополнителни информации:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
070 362 332


Со почит,
Фрагмент Филм