Научна конференција

„РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА (2020) – ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“

6 мај 2016 година (петок), Свечена сала на МАНУ


   *

Тековната 2016 година одбележува 20 години од воспоставувањето договорни односи помеѓу Република
Македонија и Европската Унија1 и 20 години од втемелувањето на Секретаријатот за европски прашања2.

Во 2016 година ништо не е исто како во 1996 година. Затоа оваа 20-годишнина е добра прилика
за да се направи преглед на настаните гледани од различен аспект, географски, политички и
економски.

Сите живееме во свет кој брзо се менува, а нашиот регион не заостанува во тоа. Предизвиците
се многу и одговорите треба да бидат соодветни, колективни и навремени.  Ние сме дел од
Европа, ги чувствуваме последиците од различните видови кризи и сакаме да бидеме дел од решението.
Сакаме и можеме да дадеме и наш придонес.

Никој не може да одрече дека процесот на проширување се смета за најуспешна политика на Европската
Унија и еден од најуспешните меѓународни проекти на глобално ниво. Нобеловата награда е доказ за
тоа. Постигнатите ефекти се гледаат во историски контекст и се многу попозитивни во однос на кој
било период од минатото.

Според многумина политичари и истакнати научници, процесот на проширување е незавршен,
сè додека и просторот на Западниот Балкан не е целосно интегриран во Унијата. Земјите од поранешна
Југославија, како Словенија и Хрватска, се веќе членки на ЕУ и на НАТО, Црна Гора преговара за
членство во ЕУ и доби покана за членство во НАТО, Србија преговара за членство во ЕУ, Албанија е
веќе членка на НАТО и се надева на почеток на пристапните преговори во многу скоро време, Босна и
Херцеговина аплицираше за членство во ЕУ, додека Косово  започна
со имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација,.

Македонија, оваа 2016 година влегува во 20. година од својот од на патот кон ЕУ, во 12. година
од  спроведувањето  на  Спогодбата  за  стабилизација  и  асоцијација,  11.  година  како  земја-
кандидат за членство во ЕУ и седма година како земја која добива препорака (иако овој пат условена)
од Европската комисија до Советот на ЕУ за отворање на пристапните преговори.

Постигнат е напредок, спроведени се значајни и длабоки реформи во сите области, но целта за жал, сè
уште не е постигната. Затоа, време е да се мисли, да се разговара и да се дејствува. Нашата
Конференција има цел да биде интегрален дел од таа дебата.

Конференцијата ќе даде осврт на следните области:

I.     Европската Унија и политиката на проширување пред 20 години и сега; II.    Процесот на
проширување – погледи од Балканот и окружувањето;
III.   Република Македонија на патот кон Европската Унија –
карактеристики на процесот, предизвици и перспективи.


1 Спогодбата за соработка и Финансиската спогодба за користење на ФАРЕ беше потпишана во 1996
година
2 Во 1996 година во рамките на Генералниот секретаријат на Владата беше формирано Одделение за
координација на ФАРЕ средствата, подоцна трансформирано во Сектор за европска интеграција, а од
декември 2005 година и во самостоен орган, Секретаријат за европски прашања.


П Р О Г Р А М А



09:00 - 09:30                     РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ


09:30 – 09:50                    ВОВЕДНИ ОБРАЌАЊА

Aкадемик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите

Д-р Арбр Адеми, заменик-претседател на Владата на Република
Македонија задолжен за европски прашања

Н.Е. Аиво Орав, амбасадор на Европската Унија во Република
Македонија

Н.Е. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави во
Република Македонија

Г-дин Џејмс Макбет, директор на ГИЗ Канцеларијата во Република
Македонија


09:50 – 10:30                    ПРВ ДЕЛ

МОДЕРАТОР: М-р Драган Тилев


ЕВРОПСКАТА  УНИЈА  И  ПОЛИТИКАТА  НА  ПРОШИРУВАЊЕ  ПРЕД  20
ГОДИНИ И СЕГА

Проф. д-р Блерим Река
„Проширувањето на ЕУ во Западен Балкан во новиот геополитички контекст“

Д-р Арбр Адеми, д-р Беким Максути и д-р Илбер Села
„Земјите   од   Западен   Балкан   и   евроатлантските  интегративни  процеси: Република Македонија
на патот кон евроатлантските структури (ЕУ и НАТО)“

ПРОЦЕСОТ    НА    ПРОШИРУВАЊЕ    –    ПОГЛЕДИ    ОД    БАЛКАНОТ    И ОКРУЖУВАЊЕТО

М-р Никола Попоски
„Процесот на проширување на ЕУ - погледи од Македонија“



10:30 – 10:50                    КАФЕ-ПАУЗА



10:50 – 12:50                    ВТОР ДЕЛ

МОДЕРАТОРИ: Академик Владо Камбовски и проф. д-р Владимир Филиповски

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ – КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОЦЕСОТ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ


Д-р Фатмир Бесими и  м-р Драган Тилев
„Процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија
(договорни односи и институционална координација)“


I.     Развојни аспекти кон функционална демократијa


Проф. д-р Ивица Јосифовиќ
„Компаративна анализа на политичките критериуми од аспект на стабилност на институциите кои
гарантираат владеење на правото“

Aкадемик Владо Камбовски
„Демократија, владеење на правото и човековите права“

Проф. д-р Мируше Хоџа
„Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија и заштитата на правата на заедниците во
Република Македонија“


II.    Развојни аспекти кон пазарна економија и забрзан раст


Академик Таки Фити, проф. д-р Предраг Трпески и м-р Марица Антовска
„Економските предизвици на Република Македонија на патот кон
Европската Унија“

М-р Зоран Ставрески и м-р Виктор Мизо
„Раст на македонската економија во услови на зголемена конкурентност“

Доц. д-р Ѓорѓи Гоцков, проф. д-р Горан Петревски и проф. д-р Владимир Филиповски
„Проблемите и предизвиците на номиналната и реалната конвергенција на македонската економија на
патот кон ЕУ и ЕМУ“

Доц. д-р Билјана Ташевска и доц. д-р Борче Треновски
„Фискалната одржливост на Република Македонија на патот кон ЕУ“

Проф. д-р Глигор Бишев и м-р Димитар Богов
„Финансирање на растот и конвергенцијата кон ЕУ –
како да се одржи стабилноста во услови на зголемена интермедијација“

Академик Абдулменаф Беџети и м-р Бесиме Мустафи
„Корелацијата помеѓу инвестициите во образованието и економскиот раст со посебен осврт на Република
Македонија“

Академик Луан Старова
„Договорот за соработка и трговија на Република Македонија со ЕУ во 1996-прв инструмент и парадигма
во европската интеграција (низ едно француско дипломатско искуство)“


12:50 – 13:10                    КАФЕ-ПАУЗА

13:10 – 14:20                    ТРЕТ ДЕЛ

МОДЕРАТОР: Академик Абдулменаф Беџети

III.   Некои секторски аспекти од процесот на ЕУ-интеграција


Проф. д-р Изет Зеќири, доц. д-р Брикенд Азири и доц. д-р Јетон Мазлами
„Пазарот на труд во Република Македонија на патот кон Европската Унија“

Проф. д-р Азис Положани
„Реформите во образованието како трансформациона сила за европеизација
на општеството“

Д-р Наташа Марковска, м-р Верица Тасеска-Ѓоргиевска,
м-р Александар   Дединец, д-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска академик Глигор Каневче и академик
Јордан Поп-Јорданов
„Европски цели за климатски промени во 2030 година – перспектива на земја кандидат за членство во
Европската Унија“

IV.   Градењето институционални капацитети, како предуслов за ЕУ-
интеграција

Академик Владо Камбовски
„Изградба на кредибилни институции кои гарантираат демократија и владеење на правото“

Проф. д-р Борче Давитковски
„Реформа  на  јавната  администрација  на  Република  Македонија  – потреба/услов за
демократизација и почнување преговори за влез во Европската Унија“

Проф. д-р Мојмир Мрак, Економски факултет, Љубљана, Словенија
„Институционални капацитети за апсорпција на фондовите на ЕУ“


14:20 – 14:30                    ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

Академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите

Д-р Арбр Адеми, заменик-претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања



14:30 – 15:00                    КОКТЕЛ


Поддржано од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ)