Покана за конференција на тема
 ГЕОСТРАТЕГИСКАТА И ГЕОПОЛИТИЧКАТА ПОЛОЖБА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО УСЛОВИ НА МИГРАНТСКАТА И БЕГАЛСКАТА КРИЗА
Соопштение до медиумите
   
    На 21 март 2016 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Конферецнија на тема: Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза.
    Со свое воведно обраќање Конференцијата ќе ја отвори Претседателот на Република Македонија – Н.Е д-р. Ѓорѓе Иванов, а на истата ќе земат учество повеќе претставници на државните институции, дипломатскиот кор, академската заедница како и видни претставници на научната и стручната јавност.
    Конференцијата е во заедничка организација на Центарот за стратегиски истражувања на Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, кои во рамки на Конферецнијата ќе потпишат Меморандум за меѓусебна соработка, раководени од заедничкиот интерес за развивање и унапредување на меѓусебната соработка.

 Со почит,

Конференција:
„ГЕОСТРАТЕГИСКАТА И ГЕОПОЛИТИЧКАТА ПОЛОЖБА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО УСЛОВИ НА МИГРАНТСКАТА И БЕГАЛСКАТА КРИЗА“
Место: Македонска академија на науките и уметностите
Скопје, 21 март 2016 година

Конференцијата се организира во соработка на Центарот за стартегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија. 
На двата панели, говорниците ќе имаат свои обраќања на теми и прашања поврзани со геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во контекст на бегалската криза, како и за тековните состојби околу бегалско/ мигрантската криза и нејзиното влијание врз безбедносно-политичките и економските состојби во нашата држава.
За време на одржување на конференцијата ќе се применува принципот и правилото на академска слобода на излагањата.

П Р О Г Р А М А

10:00 – 10:30     Официјално отворање

Н.Е. Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија
Академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите
Академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ
Амбасадор Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика, МНР

10:35 – 10:45    Церемонија на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика во МНР

10:45 – 11:00     Кафе пауза

11.00 – 13:00    Прв панел:  Геостратегиската положба на Република Македонија и општите аспекти на бегалската криза

Модератор:    м-р Марио Шаревски, Центар за стратегиски истражувања, МАНУ

Панелисти:    Академик Георги Старделов, МАНУ
        Проф. д-р Митко Котовчевски, Институт за безбедност, одбрана и мир, Филозофски факултет
        Проф. д-р Тони Милески, Институт за безбедност, одбрана и мир, Филозофски факултет
        Н.Е. Мохамед Ариф, амбасадор на УНХЦР
        Проф. д-р Димитар Мирчев, Европски центар за мир и развој на ООН,
        Проф. д-р Нано Ружин, Универзитет ФОН
        Проф. д-р Владимир Ортаковски, Факултет за безбедност, Скопје
        Проф. Д-р Јове Кекеновски, Факултет за туризам и угостителтво, Охрид

Дискусија

13:00 – 13:15    Кафе пауза

13:15 – 15:15    Втор панел: Влијание на бегалската криза врз актуелните безбедносни, политички и економски состојби во Република Македонија 

Модератор:    Катерина Бојоска, Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика, МНР

Панелисти:    Анастасија Илиевска, државен секретар во МВР
Генерал Горанчо Котески, советник во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за воени прашања
Проф. д-р Зоран Илиевски, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
        Проф. д-р Ненад Марковиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
        Проф. д-р Назми Малиќи, Универзитет ФОН
        Проф. д-р Марина Малиш Саздовска, Факултет за безбедност, Скопје
        Проф. д-р Љубомир Гајдов, Правен факултет „Јустинијан Први“– Скопје
        Проф. д-р Зоран Костов, Хабитат Македонија

Дискусија

15:15 – 15:30    Презентирање на заклучоците од Конференцијата

Академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања, МАНУ
        Амбасадор Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика, МНР

15:30 – 16:00     Коктел