На 03.03.2016 со почеток во 19.00 часот во Чифте Амам  ќе се одржи свечено отварање на третото издание на изложбата „ Османлиски Културни Белези во Македонија“ која  со претходните две изданија во 2014 и 2015 година  беше проследена со огромен интерес од љубителите на уметноста. На изложбата ќе се прикажат музејски предмети- експонати, фотографии и документи од разни градови на Македонија. Со оваа изложба ќе имаме можност да сведочиме за белезите на отоманската уметност и естетика кои се проширени низ сите краиште на земјава. Изложбата ќе биде отворена до 13.03.2016.