makrina.jpg

Иконопис- сестра Макрина, игуменија на женскиот манастир посветен на св.Aрхангел Михаил во Берово.

makrina1.jpg

makrina6.jpg

makrina5.jpg

 


Архимандрит Зинон
       

Во идниот век верните ќе го видат Бога “лице во  лице“, а иконата е почеток на тоа созерцание.


Иконата е воплотена молитва. Таа се создава во молитва и заради молитва, заради движечката сила која е израз на љубовта кон Бога, стремеж кон Него, како кон совршена Убавина.


 Иконата се раѓа од живиот опит во Црквата, од Литургијата,  заради што отсекогаш иконописот се сметал за црковно служење, за Литургија. Иконата е сведоштво на Црквата за Боговоплотувањето, за тоа дека Бог дошол во овој свет, се воплотил, се соединил со човекот до таа мера, што сега секој човек може да возрасте до мерата на Бога и да Му се обраќа како на Отец. А иконописецот е сведок на оваа Евангелска Вистина. Колку што повеќе самиот е приопштен кон неа и живее во неа, толку повеќе неговото исповедање  преку слики и бои, донесува плодови во туѓите срца.

Подготви: М.З.

makrina2.jpg

 

{moshits}