Со поддршка од Министерството за култура, продолжуваат конзервацијата и санацијата на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, значаен споменик на културата

 

 ...Во рамките на конзервацијата и санацијата на ова вредно културно наследство од византискиот период која се одвива во неколку фази, стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ќе работат  на  конзервација на прекрасниот фрескоживопис, односно на отстранување на наталожените нечистотии, додека во третата фаза ќе се изврши  консолидација на оштетениот слој со  ретуш во боја.

Претходно беше извршена превентивна заштита со отстранување на механичките оштетувања на живописот, како конструктивна консолидација на темелите на црквата од западната страна, беа поставени потпорни ѕидови, а беше извршено и зацврстување на темелите на црквата од источната, северната и од јужната страна.Црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, според архитектурата претставува трикорабна базилика изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Црквата, во светски рамки, претставува редок пример на византиската уметност во поглед на исклучителниот архитектонски израз и уникатниот фрескоживопис.

 

Извор: Министерство за култира на Р.Македонија