3.angeli.so.trubaВо светот во кој живееме заборавивме да помислиме на било кој друг, освен на себе. Нашата генерација заборави да се грижи за другите, опседнати сме со самите себе, до таа мера што не ни е грижа за она низ коешто поминуваат другите.

Ова е вистината со која секојдневно живееме. Заборавивме и како, воопшто, да не знаeме како живеат останатите луѓе, како преживуваат во овие тешки времиња.

Сметам дека денес не е потребно да се бараат само сиромаси за да им се помогне. Познато е дека и богатите плачат, па затоа, сосема е непотребно специјално да се бара сиромав, бездомник или ограбен човек. На човекот му е потребна секаква помош и утеха, едноставно, да поразговара, да се отвори некому.

Но, повеќето од луѓето се гледаат само самите себеси и се себични.

Иако сум сеуште мал и немам можности да ги помагам луѓето материјално, одлучив да им правам добри дела на сите и секаде, толку колку што можам. Сакам луѓето да ме помнат по добри дела.

Како  млад  почнав  да правам добри дела. Да отстапам место во автобусот, да помогнам на слепа жена да ја премине улицата, да ја понесам тешката ташна на  изнемоштена старица, да отстапам место во редот за чекање, да дадам корка леб на гладниот. Сакам да видам како со помагањето на другите можам да си помогнам на самиот себеси. Така ми се менува животот кога им помагам на другите луѓе. Станувам многу поблагодарен за она што го имам.

Бојан Фипоски VIг

Ученик во ОУ „Koчо Рацин“ – Прилеп

Извор: https://bigorski.org.mk/detsko-katche/s-za-moe-dobro-delo/