Ru.manastir6b.jpg
 
 
 
Не може да постои Божествена Литургија ако на верните не им се дава можност да пристапат кон Светите Христови Тајни (25.12.2013 11:14)

На 20 декември, Московскиот и на цела Русија Патријарх Кирил пред Епархиското собрание на Москва поднесе извештај за животот на Црквата во главниот град и во целата земја.

Патријархот Кирил им се обрати на епископите и свештениците, напомнувајќи им дека „не може да постои Божествена Литургија ако на верните не им се дава можност да пристапат кон Светите Христови Тајни, и никакви причини за комодитет не можат да го оправдаат денес она, што во минатото било присилна практика, па поради тоа се претворило во лоша навика“.

„Навистина ме изненадува информацијата што стигна до мене, дека во некои парохии сѐ уште се практикува забраната за причестување на мирјаните во некои денови, на пример во саботите поради некакви чудни размислувања за комодитет. Треба да се замислиме, бидејќи деновите за помени можат да станат особен повод за причестување на верните, поради заедничарењето во Светата Тајна Евхаристија на сега живите во светот со тие кои веќе отишле кај Господ“.

Патријархот ги сподели и своите спомени кога пристигнал во Смоленск на Богојавление во 1985 г., веднаш откако му била доверена Смоленската катедра. „Бев поразен бидејќи никој не пристапи кон светиот Путир и ми објаснија дека тој ден причестувањето е забрането – зашто светата вода се осветува и сите луѓе требало да стојат, да се молат и да го чекаат осветувањето на водата. Кога ја напуштив катедрата, на тој празник веќе се причестуваа стотици луѓе. Сметам дека така треба да биде и во нашиот главен град: на денот на светлото Воскресение Христово, и на Рождеството Христово, и на Богојавление, и во сабота, и на секој друг ден пристапот до причестувањето со Светите Христови Тајни треба да биде слободен за секој, кој се подготвил за тоа според црковните барања.


 

Извор: Dveri.bg

Преземено од: МПЦ-ОА