15.jpg


23 јули 2013 год.

Беше потребно да поминат 283 години па чудотворната икона на15.jpg Богородица Одигитрија да се врати во манастирот Ватопед.

По повод прославата на светите светогорци, и после согласноста од страна на манастирот Ксенофонт, во кој досега се чуваше оваа света икона, вчера во попладневните часови со сите потребни почести, светиот и велик манастир Ватопед ја дочека својата икона Богородица Одигитрија.

Оваа света икона во манастирот Ватопед ја донесе игуменот на свештениот манастир Ксенофонт, старецот Алексиј, во придружба на монаси од неговото братство. На самиот влез во манастирот Ватопед. видливо радосни поради овој чин на враќање, иконата ја дочекаа и примија домаќинот игумен, старец Ефрем и игуменот на манастирот Пантократор, старец Гаврило, заедно со монасите од нивните братства и потоа свечено ја внесоа во соборниот храм посветен на Благовештение.

До 1730 год. оваа света икона се наоѓала во Ватопед. Во наведената година таа на чудесен начин исчезнала од манастирот Ватопед. Монасите ја барале насекаде низ манастирот, но безуспешно. Кога до нив дошла вест дека иконата се наоѓа во манастирот Ксенофонт, тие побрзале во тој манастир и таму навистина ја пронашле својата икона. Самите ксенофонтски монаси немале објаснување за тоа на кој начин иконата пристигнала во нивниот манастир и веднаш им ја вратиле на ватопедските монаси, кои свечено ја однеле во својот манастир. Меѓутоа чудото се повторило: иконата повторно исчезнала од Ватопед и се појавила во Ксенофонт. Наоѓајќи ја одново во овој манастир, ватопедските монаси сфатиле дека е тоа волја на самата Мајка Божја и ја оставиле во манастирот, сѐ до вчера 22 јули 2013 година, кога повторно свечено е пренесена во Ватопед.

17.jpg

 16.jpg

 Извор: Ромфеа

Преземено од: Бигорски манастир